Претседателот Иванов на средби со бразилски парламентарци

Билатералните односи меѓу Македонија и Бразил и можностите за нивно продлабочување, особено во сферата на парламентарната соработка биле теми на разговор на средбите во Бразилија на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со претседателот на Комитетот за надворешни работи и национална одбрана во Федералниот Сенат и поранешен бразилски претседател Фернандо Колор де Мело и со претседателот на Комитетот за надворешни работи и национална одбрана во долниот дом на Националниот конгрес на Бразил Бруна Фурлан.
Со цел реализација на конкретни иницијативи, соговорниците констатирале дека е неопходно унапредување на договорната рамка меѓу двете земји. Во таа насока, биле разгледани иницијативите за склучување на меѓусебни договори во сферата на културата, научната и технолошка соработка, воздушниот сообраќај и инвестициите.
- Во разговорите со двајцата претседатели на комитетите за надворешни работи и национална одбрана, претседателот Иванов посочи дека Македонската амбасада во Бразилија веќе отвори разговори за проширување на соработката во сферата на безбедноста со акцент на борбата против организираниот криминал и корупцијата што е резултат на одличната соработка помеѓу агенциите за разузнавање,при што изрази очекување за скоро потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу агенциите на двете земји, соопштија денеска од кабинетот на Иванов.
Македонскиот претседател, кој е во официјална посета на Бразил, истакнал дека Република Македонија придава особено значење на билатералните односи со оваа земја и како јасен знак во таа насока го потенцирал отворањето на македонската амбасадата во Бразилија.
Како значаен аспект во развојот на односите меѓу двете земји и првичен чекор за натамошна договорна соработка беше посочен постигнатиот договор во 2016 година за меѓусебно укинување на визите за краткорочен престој.
Во рамки на официјалната посета на Бразил, претседателот Иванов се сретна со Рикардо Изар, пратеник во Долниот дом на Националниот конгрес, еден од кандидатите за претседател на парламентарната група за пријателство меѓу Македонија и Бразил.
Иванов е прв Претседателот на Република Македонија кој престојува во официјална посета на Бразил, чиј повод е свеченото отворање на македонската амбасада во Бразилија.
Ново на Сител
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
