Претседателот Иванов прогласен за почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан

На претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вчера во Баку му беше доделено признанието Почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан, највисоката образовна и научна институција за образување на кадри и раководители во државната и јавната администрација, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.
По тој повод, претседателот Иванов пред присутните професори и студенти одржа предавање за Балканот, Кавказот и Блискиот Исток, предизвиците со кои овие региони се соочуваат, и нивните односи со Европската унија.
Посочувајќи на македонскиот модел на почитување на различноста како пример, претседателот Иванов преку приказ на историскиот развој на државата како концепт, се до денешницата, го објасни концептот на „интеграција без асимилација“.
Почесниот докторат за претседателот Иванов на Академијата за јавна администрација на Азербејџан е дел од низата признанија што македонскиот претседател ги има добиено од бројни високообразовни институции во светот.
Претседателот Иванов претходно е прогласен за Почесен професор на Московскиот универзитет „Ломоносов" и на „Југозападниот универзитет за финансии и економија" во Ченгду, НР Кина, а почесни докторати има добиено на Истанбулскиот Универзитет, на Универзитетот „Хаџи Бекташи Вели" во Невшехир, на „ТОББ Универзитетот за економија и технологија" во Анкара, Република Турција, на Христијанскиот универзитет „Димитрие Кантемир" во Букурешт, Романија и е прогласен за член во Светската академија на науките и уметностите и за Почесен протектор на „Европската академија на науките и уметностите" во Салцбург, Република Австрија, се наведува во соопштениот од кабинетот на претседателот на Република Макеоднија.
Ново на Сител
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
