Претседателот Иванов упати писмо со сочувство до иранскиот претседател Рухани
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Техеран, упати писмо со сочувство до претседателот на Исламска Република Иран, Хасан Рухани.
- Со згрозеност, вознемиреност и тага ја примив информацијата за ужасниот терористички чин кој се случи во Техеран и искрено жалам за загубените животи од оваа трагедија. Нема соодветни зборови што ќе ја намалат Вашата и тагата на семејствата на настраданите, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство, наведува претседателот Иванов во писмото.
Терористичките закани, како што истакнува, можат да бидат поразени само со координиран, заеднички и бескомпромисен одговор. - Затоа, сакам да Ве уверам дека одлучно го осудувам ова нечовечно злосторство и дека Република Македонија стои рамо до рамо со целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот, вели македонскиот претседател.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад
-
Мицкоски: Бугарскиот парламент да го ратификува пристапниот договор па потоа уставни измени
-
Мицкоски: Да не се врши притисок врз Уставен
-
Анализа: Што ќе се случува со ЗЕЛС ако општините продолжат да ја напуштаат организацијата?
-
Владата ќе бара решение за да не пораснат функционерските плати
-
Многу жени не одат на закажан скрининг за рак на дојка – Пациенти со симптоми пак чекаат со месеци за мамографија
-
Ситуацијата кај Буково алармантна
-
Министерството за дигитална трансформација отвори прв општински центар за услуги