Претседателот Иванов во посета на македонско-грчката граница
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, во објектот на Здружениот штаб во Гевгелија.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе ја посети македонско-грчката граница кај граничниот камен 59.
Претходно, претседателот Иванов оствари посети на
Оваа посета на јужната граница кај Гевгелија, како и претходните активности, се во функција на увид во подготвеноста и капацитетите на АРМ и другите безбедносни служби во справувањето со предизвиците од мигрантската и бегалската криза.
Во контекст на ова, македонскиот претседател минатата седмица одржа и работна средба со раководителите на субјектите задолжени за превенција и справување со кризната состојба, намалување на ризикот од терористички напади и обезбедување за оддржување на изборите.
Заради постојаната закана од илегална миграција која доаѓа од територија на НАТО и ЕУ членки, во Македонија од август 2015 година до јуни 2017 година е прогласена кризна состојба, активиран е кризниот менаџмент со функционален здружен воено-цивилен штаб за заштита на границите и обезбедување на коридорите.
Ново на Сител
-
Историски скок на Волстрит, Европската комисија го поздрави потегот на Трамп
-
Судскиот Совет го разгледува предметот за Теодора
-
Се уште не се знае каде ќе се суди за трагедијата во Кочани
-
И денеска судења против Мерко
-
Тошковски и Коцевски потпишаа нов протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство
-
ЈКП – ЈА бараат да плаќаат за струја по тарифи како и за физичките лица
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто