Претседателот на ЕК Јункер в недела во Македонија
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер в недела на 25 февруари ќе ја посети Република Македонија како прва земја од неговата турнеја низ државите од Западен Балкан, чија цел е промоција на новата Стратегија на ЕУ за проширување.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи најавувајќи ја посетата на Јункер непосредно по презентацијата на Стратегијата во Стразбур, истакна дека таа ќе претставува охрабрување на владите да ги удвојат напорите за постигнување на нови скратени таргети.
- Стратегијата ги исполнува сите очекувања на Македонија бидејќи се валоризираат успесите на земјата во однос на реформите, најавува подготвеност да се даде чиста препорака од страна на ЕК за отворање на преговорите и овозможува да нема диференцирање на земјите во однос на можноста за членство, туку нивно оценување според постигнатите резултати, оцени Османи.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар, пак, вчера изјави дека посетата на претседателот на ЕК, Јункер на Скопје е порака сама по себе.
- Европската комисија на многу јасен начин спомна во Стратегијата дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ. Неговата порака е охрабрувачка да ги забрзате реформските процеси со што ќе го скусите патот до ЕУ. Вратите на Унијата се отворени, а временската рамка е 2025 до кога секоја земја може да ја стигне другата во процесот, вели Жбогар.
Стратегијата на Европската комисија за кредибилната перспектива за проширување кон Западен Балкан беше презентирана на 6 февраури во Стразбур. Во неа ЕК почарува дека нема да увезува билатералните спорови. Приемот за Црна Гора и Србија во ЕУ се предвидува до крајот на 2025 година, со тоа што пристапните преговори би завршиле во 2023 година. Македонија и Албанија се очекува да ги почнат преговорите во 2019 година.
Ново на Сител
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН