-->
-->
Претседателот на германскиот ФС поднесе оставка поради гласини?!
-->

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Германија (DFB), Волфган Нисбарх, поднесе оставка на функцијата поради наводите дека е вмешан во купување на гласовите со кои Германија ја доби организацијата на Светското првенство во 2006 година.
„Го препознав моментов дека треба да превземам политичка одговорност“, рекол Нирсбах, по седницата на претседателството на DFB.
По оставката на Нирсбах, двајцата потпретседатели Рајнхард Раубал и Рајнер Кох ќе ја обавуваат неговата функција.
Германскиот неделник Шпигл кон крајот на минатиот месец објави дека Организациониот одбор на Германија за домаќин на Мундијалот во 2006 година, основал ‘црн фонд’ од 10,3 милиони швајцарски франци и дека таа сума ја обезбедил поранешниот директор на Адидас, Роберт Луис-Драјфус.
Парите наводно биле исплатени пред ФИФА да ја донесе одлуката кој ќе биде домаќин на Мундијалот во 2006 година. Според Шпигл со тие пари биле обезбедени четири гласови на преставниците на Азија со кои Германија подоцна ја доби организацијата на СП.
Организациониот комитет на Германија тогаш го предводеше легендарниот фудбалер Франц Бекенбауер, а во работата бил вклучен и Нирсбах, а како што пренесе Шпигл двајцата во тоа време знале дека ‘црниот фонд’ постои.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
