Спорт плус
4. November 2015 - 17:40

Претседателот на Реал пред камерите му удри шамар на Кристијано Роналдо

По завршувањето на 4-тото коло од Лигата на шампионите и победата на Реал Мадрид над ПСЖ, камерите забележале необична средба помеѓу Кристијано Роналдо и претседателот Флорентино Перез.
 
Перез по минималната победа од 1:0 им честиташе на сите играчи, меѓу кои и Кристијано Роналдо, кого го праша: "Зошто зборуваш така, дека ќе го напуштиш Реал?"
 
Португалецот на тоа одговори дека не го кажал тоа, и дека неговите зборови се изобличени, по што претседателот на Реал му удри шамар.
 
Пријателки шамар кој не би го заболел Роналдо, но веста за необичната средба се прошири низ светските медиуми.