-->
-->
Претседателот на РК Преспа ја загуби борбата со коронавирусот
-->
Ракометниот клуб Преспа вчера соопшти тажна вест за сите свои фанови и приврзаници.
По долга борба со коронавирусот животот го загуби претседателот на клубот, 41-годишниот Илче Котевски. Информацијата беше споделена на Фејсбук профилот на клубот.
„Почивај во мир претседателе. За жал ракометниот клуб Преспа загуби член од семејството, човек кој придонесе премногу за овој ракометен клуб. Секогаш ќе живееш во нашите срца“, соопштуваат од РК Преспа.
Котевски е поранешен член на екипата на Преспа, а роден е на 27 јули 1978 година.
Оваа смрт е прва на спортист или спортски работник во нашата земја од вирусот ковид-19. Спортска Македонија упатува сочувство до семејството и до поранешниот шампион на Македонија, РК Преспа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спасовски: Одредени активности на МВР, една од основите дали некое лице ќе добие безбедносен сертификат
-
Во велешката болница тројца оздравени од Ковид-19, еден починат
-
Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење
-
МВР: Казнет пратеник, зборувал на телефон додека возел
-
Итна помош во Велес од почетокот на годинава имала 314 интервенции на терен
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 14 пациенти, а вкупно се лекуваaт 280 болни
-
Жална вест - Почина проф. д-р Љубица Тодорова Јанешлиева
-
Ќе работат ли угостителите од 21 јануaри по 21 часот?