Претседателот на Собранието Џафери се сретна со Косијас

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕијас.
На средбата присутвувале и пратениците Ирена Стефоска и Африм Гаши.
Претседателот Џафери, како што информираат од неговиот Кабинет, изразил задоволство од средбата и очeкување за интензивирање на средбите на сите нивоа во иднина, вклучително и на парламентарно ниво меѓу двете држави.
- Република Грција е наш јужен сосед со кој поминавме низ многу предизвици во изминатите декади и кој, во исклучително критични моменти, активно ја поддржа европската интеграција на Република Македонија со ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, за доделувањето на кандидатски статус за членство во ЕУ и безвизниот режим за нашите граѓани во земјите на Унијата и нашите напори за исполнување на критериумите за членство во ЕУ и НАТО, рекол Џафери на средбата.
Министерот Коѕијас истакнал дека е почестен што е гостин во Собранието на Република Македонија и посочил дека Република Грција како прв сосед ја сака стабилноста на Македонија и ја поддржува нејзината евроатлантска интеграција.
- Како најстара земја на ЕУ и НАТО, стои на располагање со сопствени искуства и експерти да и помогне на земјата во реформската агенда. Сега е моментот да се постигне компромис за отворените прашања кои нè држат во затворот на историјата, бидејќи на тој начин може да се отворат сите полиња на заедничка соработка, вклучително и интензивирање на средбите на парламентарно ниво со колегите од Парламентот на Грција, истакнал грчкиот министер.
Присутните се согласиле дека мерките за градење на доверба успешно се имплементираат во повеќе области и било истакнато дека може да се посвети повеќе внимание на развивање културни проекти, како мост за поврзување на двете држави и граѓаните, кои во континуитет одржуваат блиски и пријателски односи.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
