Претседателот на Собранието Џафери се сретна со претставникот на УНИЦЕФ Перкс
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со новоименуваниот претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија, Бенџамин Перкс.
Како што соопшти собраниската прес-службата, Џафери му посакал на Перкс добредојде, успешна и плодна работа за време на неговиот мандат.
Џафери на средбата истакнал дека Собранието е подготвено да ја продолжи соработката со УНИЦЕФ во рамки на Меморандумот за соработка, со кој се овозможува интересите на децата да се земаат предвид при носењето на квалитетни законски решенија согласно Конвенцијата на ОН за правата на децата.
Собранието на Република Македонија, како што стои во соопштението, е отворено за соработка со партнерските организации на УНИЦЕФ, кои работат во областа на подобрување на правата и статусот на децата во општеството.
Според соопштението, претставникот на УНИЦЕФ Перкс истакнал дека УНИЦЕФ ќе ги поддржи реформите неопходни за евроатлантската интеграција на Република Македонија, а кои се однесуваат на заштита и унапредување на правата на децата.
За време на средбата, соговорниците разговарале за итните приоритети на оваа меѓународна организација во земјата, поврзани со прашањата за високата стапка на смртност кај децата, недоволната вклученост на децата во предшколското образование во однос на европскиот просек, згрижувањето на децата без родители од најмала возраст, емиграцијата, како и состојбата на децата од заедницата на Ромите во државата.
Џафери и Перкс се согласиле дека дебатата во однос на овие прашања треба да продолжи и на ниво на матични работни тела и преку можноста за организирање на јавни расправи.
Ново на Сител
-
Израел нападна ирански воени локации
-
Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-
Лисица во потрага по храна сред Сараево
-
ПСЖ одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра
-
МЗТ Скопје и Куманово го отвораат четвртото кошаркарско коло
-
Меси заработува повеќе од сите фудбалери заедно во 22 екипи во МЛС
-
Студено и ведро утро, преку ден сончево со мала локална облачност
-
ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње