Свет
30. November 2019 - 9:17

Претседателот на Суринам осуден за убиство

Воениот суд во Суринам го осуди претседателот Деси Бутерсе за убиство на 20 години затвор поради егзекуција на 15 политички противници во 1982 година по државниот удар.

Судот се уште не наложи апсење на Бутресе, а опозициските партии го повикаа претседателот, кој е во посета на Кина, да поднесе оставка.

Бутерсе е осуден бидејќи ја надгледувал операцијата во која војниците под негова команда киднапирале 16 главни критичари на владата, меѓу кои адвокати, новинари и универзитетски професори и убија 15 во главниот град Парамарибо.

Еден од киднапираните, лидер на синдикат преживеа и подоцна сведочеше против Бутерсе. Претседателот на Суринам цело време ги негира обвиненијата, а на пресудата има право на жалба.

Потпретседателот на владејачката Национална демократска партија, Рамон Абрамс изјави дека Бутерсе ќе ја откаже посетата на Куба и тој во Суринам треба да се врати во текот на викендот.

Бутерсе ја водеше јужноамериканската држава во 80-тите години од минатиот век, како претседател на воената влада, а потоа повторно во 2010 година беше избран за претседател на Суринам. Тој пред пет години обезбеди втор претседателски мандат.