Претседателот на Украина го разреши главниот обвинител поради злоупотреби во институциите
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска со указ го разреши генералниот обвинител на Украина, Андриј Костин.
Според украински медиуми, Костин беше на чело на Генералното обвинителство од 28 јули 2022 година, заменувајќи ја на таа позиција Ирина Венедиктова.
Тој поднесе оставка на функцијата генерален обвинител на 22 октомври, поради повеќе случаи на злоупотреба во обвинителските агенции.
Истовремено, на седницата на Советот за национална безбедност и одбрана беше разгледана ситуацијата со медицинските и социјалните стручни комисии (МССК) и злоупотребите од страна на државни службеници во врска со стекнување статус на инвалид.
Зеленски претходно ја посочи политичката одговорност на генералниот обвинител за состојбата во украинското обвинителство
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст