Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров

Делегација на Уставниот суд претставувана од претседателот Дарко Костадиновски и судиката Ана Павловска-Данева, остварија работна средба со претседателот на Уставниот суд на Србија Владан Петров и судијките Добросав Миловановиќ и Наташа Плавшиќ.
Како што се наведува во соопштението од Уставниот суд, претседателите на двата суда изразија заемно задоволство од средбата и се согласија да работат на унапредување на соработката, особено земајќи го предвид пријателството меѓу двете држави и народи.
- Претседателот Костадиновски ја истакна важноста од интензивирање на билатералната соработка меѓу двата суда и истакна дека целта на оваа посета во Белград, е во најскоро време делегациите на двата суда повторно да се сретнат и да учествуваат во заеднички активности - се наведува во соопштението од средбата.
Претседателот на српскиот Уставен суд Петров нагласил дека Костадиновски е првиот претседател на Уставен суд кој го посетил Уставниот суд на Република Србија, откако тој е избран да раководи со институцијата.
Како што истакнал, тоа има и симболично значење, бидејќи земјите од регионот, особено уставните судови, треба да соработуваат многу поинтензивно, потенцирајќи дека тие треба да бидат меѓу водечките институции во државите кои ќе придонесуваат во процесот на европските интеграции.
Петров и Костадиновски разговарале и за надлежностите на двата суда, начинот на одлучување, како и за актуелните предизвици со кои се соочуваат.
- На средбата беше искажана иницијатива за започнување на подготовки за изработка на Протокол со кој ќе се формализира соработката меѓу двата суда, со акцент за споделување на добрите практики уставно- судската пракса, како и за размена на искуства и знаења меѓу судиите и соработниците во уставните судови, посочуваат од Уставниот суд.
Ново на Сител
-

Во живо од вселената: Астронаути првпат по повеќе од 50 години ја напуштија орбитата на Земјата, се упатија кон Месечината
-

Преглед на вестите од светот
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
