Претседателот на Зимбабве повика на „национален дијалог“ по насилните протести

Претседателот на Зимбабве, Емерсон Mнангагва повика на „национален дијалог” денеска по неколкудневните протести во врска со зголемувањето на цените на горивото во кои има и жртви.
Полицијата тврди дека три лица се загинати во насилните протести во Хараре и Билавај, но невладини организации сметаат дека најмалку десет луѓе се загинати и стотици се приведени. Mнангагва преку Твитер најави дека ќе биде анализирано незаконското однесување на безбедносните сили.
„Насилството и нелегалното однесување на нашите безбедносни сили е неприфатливо и тоа е предавството на новата Зимбабве”, напиша Mнангагва на Твитер во првиот јавен коментар откако се врати дома од официјалното патување во Русија и други поранешни советски земји.
Во државата Mнангагва е обвинет дека наредил исклучување на интернетот за да се спречи јавноста да ја види пресметката на безбедносните сили со демонстрантите.
Се пораширени се стравувањата дека во Зимбабве еден брутален диктатор кој замина од власт по 40 години, само е заменет со друг.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
