Претседателот Пендаровски во посета на Куманово
Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ престојува во Куманово, каде што го посети основното училиште „Толи Зордумис“, а се сретна и со докторката Нурие Алији и метеорологот Борис Секирарски.
Во училиштето „Толи Зордумис“ наставата се одржува на македонски и албански јазик, а како што информираат од претседателскиот кабинет, во него е имплементиран Нансен моделот за интеркултурно образование што ги интегрира учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно – образовен процес.
За време на посетата на Куманово, претседателот Пендаровски се сретнал со докторката Нурие Алији, која над 20 години се грижи за здравјето на жените во Куманово. Претседателот посочи дека треба да се истакнуваат позитивните примери во општеството, како што е Алији.
Пендаровски го посетил и метеорологот Борис Секирарски, кој повеќе од три децении работи во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Скопје, а е носител на повеќе домашни и меѓународни признанија за своите иновации.
Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е инициран во изборната програма на претседателот Пендаровски, а целта е преку посети на населените места во земјава тој да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеите за нивно надминување.
Ново на Сител
-
Експертите бараат поригорозни казни за прекршоци во сообраќјот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Средба Сиљалновска Давкова - Радев: Можни се компромиси и исчекор за деблокирање на процесот
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина управителот на дискотеката „Пулс“ кој беше на лекување во Литванија
-
Запрена истрагата против управителот на дискотеката „Пулс“
-
Се води постапка против полицаецот кој не дозволи да се крене возилото на велосипедска патека
-
Мицкоски и Филипче отворени за лидерска средба со други партии, ДУИ обвинува за моноетнички состанок