Претседателски избори во Иран
Во Иран денеска се одржуваат претседателски избори, на кои гласачите треба да се определат меѓу четворица кандидати, кои се поделени на умерени и ултраконзервативни.
Фаворит на изборите е актуелниот претседател, Хасан Рохани (68), кој настојува да освои втор мандат.
Тој важи за умерен верски лидер, чија умереност и умешност за спогодување дојде до израз во 2015 година, кога Иран под неговото водство успеа да го разрши опасниот спор со меѓународната заедница, околу контроверзната иранска нуклеарна програма.
Во долгите преговори со меѓународната шесторка (САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција плус Германија) беше постигнат договор, според кој Иран прифати максимално редуцирање на својата нуклеарна програма и меѓународна контрола на постројките, а за возврат се избори за укинување на меѓународните санкции кои го забрзаа економскиот развој на земјата.
Главен противник на Рохани е конзервативецот Ебрахим Раиси (56). Тој е поранешен обвинител и важи за близок на иранскиот Врхвниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Покрај нив, гласачите денеска може да се определат и за реформистот Мустафа Хашемитиба и за ултраконзервативниот Мустафа Мирсалим.
Над 54 милиони Иранци имаат право на глас.
Гласачките места, вкупно 63.500, се отвораат во осум часот наутро по локално време (04 часот по средноевропско) а ќе се затворат во 18 часот .
Првите резултати од изборите се очекуваат в сабота.
Доколку ниту еден од кандидатите, денеска не освои над 50 отсто од гласовите, ќе се одржи втор круг од гласањето, идната недела.
Досега не се случило, актуелниот претседател да не освои и втор мандат, откако во 1985 година тоа, по првпат, му успеа на тогашниот претседател Али Хаменеи.
Ново на Сител
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени