Претседателски избори во Словенија

Словенечките граѓани денеска гласаат на првиот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, неопходни за победа.
На изборите учествуваат седум кандидати, од кои тројца имаат најмногу шанси за победа – поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар, адвокатката и активистка за човекови права Наташа Пирц Мусар и кандидатот на владејачката коалиција Милан Брглез.
Доколку денеска нема победник, двајцата кандидати со најмногу гласови ќе влезат во вториот круг кој ќе се одржи на 13 ноември.
Според последните анкети, Логар може да смета на влез во вториот круг, додека Пирц Мусар и Брглез се борат за второто место. Изборите се сметаат за тест за либералната влада на Роберт Голоб, кој го смени кабинетот на популистот Јанез Јанша пред шест месеци, по парламентарните избори на 24 април, во услови на криза поттикната од руската војна против Украина. Логар, член на Словенечката демократска партија на Јанша, според последните анкети има поддршка од околу 30 отсто од гласачите.
Независната кандидатка Наташа Пирц Мусар (54), адвокатка специјализирана за заштита на лични податоци и поранешен новинар, според анкетите може да смета на околу 20 отсто од гласовите. Според анкетите, зад Пирц Мусар е пратеникот на владејачките социјалдемократи, 55-годишниот Милан Брглез, пратеник во Европскиот парламент и поранешен претседател на словенечкиот парламент. Брглез, кој е поддржан и од Движењето за слобода на премиерот Голоб, според анкетите има поддршка од околу 17 отсто од гласачите.
На изборите учествуваат независниот кандидат Владимир Пребилич, градоначалник на Кочевје, а потоа гинекологот Сабина Сенчар, членот на партијата Левица Миха Кордиш и членот на десничарската Нова Словенија Јанез Циглер Краљ, поранешен министер за труд.
Победникот на изборите ќе го наследи центристот Борут Пахор, чиј втор петгодишен претседателски мандат истекува во декември, а Уставот не му дозволува да се кандидира за трет. Функцијата на претседателот на Словенија е главно церемонијална, но шефот на државата, кој е и врховен командант на вооружените сили, ужива авторитет бидејќи е директно избран од граѓаните.
Победник на изборите ќе биде петтиот претседател на Словенија од прогласувањето на независноста во 1991 година. Досегашни шефови на државата биле – Милан Кучан (1991-2002), Јанез Дрновшек (2002-2007), Данило Тирк (2007-2012) и Борут Пахор (2012-2022).
Ново на Сител
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
-

Апликација го претвораше iPhone во чаша пиво и му носеше 20.000 долари дневно – по 90 милиони преземања, креаторот замина на фарма
-

Кралот Чарлс ги собира лидерите на ВИ компаниите поради растечката загриженост за безбедноста
-

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“
-

Маж утрово се фрлил во Вардар, пренесен во болница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството на СДСМ и ДУИ ги штити криминалците
