Претседателството на ДУИ донесе одлука по лидерската средба
Претседателството на ДУИ вечерва донесе едногласна одлука за потврда на ставот за напуштање на Владата и поддршка на преодна влада ако се изгласаат уставните измени, но истовремено од партијата и ветинг за сите политички партии.
Како што за Сител информираше портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, повикувајќи се од потребата за обезбедување сигурна европска иднина за граѓаните, добар животен стандард, задржување на луѓето во државата, функционално европско општество, свесни за големата шанса за брзо членство на земјата во ЕУ создадена поради геополитичките случувања на состанокот на Централното претседателство го реафирмираше ставот дека во моментот нема поголем приоритет и поважно прашање за државата и граѓаните од забрзување на членството во ЕУ и ДУИ овој приоритет го става пред секој политички и партиски интерес.
„Затоа уште еднаш ДУИ преку едногласна одлука на претседателството го реафирмираше ставот за наша спремност веднаш да се постигне договор опозицијата да ги поддржи уставните измени кои би влегле во сила пред одржување на втората меѓувладина седница со ЕУ, а ДУИ да поддржи преодна влада без нејзино учество до наредните избори. Паралелно ДУИ инсистира веднаш да се отпочне ветинг на сите политички партии и носители на партиски јавни функции со цел темата антикорупциска политика да не се злоупотребува во дневна политика истата да се институционализира со тоа да се создаде минимум доверба за важните процеси кои претстојат“, велат од ДУИ по состанокот на претседателството на партијата.
Ново на Сител
-

Лидерите на ЕУ во Брисел ќе разговараат за безбедноста, Украина и проширувањето
-

Меморандумот за разбирање прв чекор до конечен мировен договор помеѓу САД и Иран
-

Претставување на национален проект за превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
-

Состанок на министрите за одбрана на НАТО, меѓу нив и Мисајловски
-

Собранието на седница со повеќе законски предлози, ратификации и извештаи
-

Московската рафинерија во пламен, погодена од украински дронови | ВИДЕО
-

Потпишан мировниот договор меѓу САД и Иран за завршување на блискоисточкиот судир
-

Киев се заканува дека со напади на дронови целосно ќе го изолира Кримскиот Полуостров
