Претстава на Горјан Аревски на фестивалот „АртАреа“

Во Кино Култура вечер од 18 часот во рамки на фестивалот „АртАреа“ ќе биде изведена претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Горјан Аревски, апсолвент на Факултетот за драмски уметности во класата на проф. Златко Славенски.
Играат студенти по актерска игра од ФДУ во трета и четврта година, како и дипломирани на факултетот. Музички соработник на проектот е Ива Дамјановски, а сценографијата ја подготви Владо Данилов.
Фестивалот „АртАреа“ го организира издавачката куќа „Бегемот“. Почна во петокот и трае до денеска. Посетителите имаат можност да посетат саем на книга на повеќе издавачки куќи, базар на ракотворби, музички и музичко-поетски перформанси, како и проекции на документарни и анимирани филмови и дискусии од областа на архитектурата и културата.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
