Претставата „Антигона и Креонт“ премиерно во кино Култура
Претставата „Антигона и Креонт“ во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Театар на Навигаторот Цветко утревечер премиерно ќе биде изведена во кино Култура.
Адаптацијата е на Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска, а во претставата играат Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Зоран Љутков, Благој Веселинов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Васил Христов, костимографијата на Розе Трајчевска, а изборот на музика е на Нела Витошевиќ и Васил Христов.
Режисерката Витошевиќ на денешната прес-конференција информира дека темата на Антигона ја инспирирала во последните три години и додаде оти за претствата направила темелна анализа на легендата на Антигона и Креонт, на нејзизното создавање и постоење и како таа е толкувана низ годините.
Според неа, основата на приказната е соочувањето на Антигона и Креонт или судирот меѓу отпорот и власта. Додаде дека во претставата има по три Антигони и Креонти или три паралелни приказни кои меѓусебно се испреплетуваат.
- Има три пара кои доаѓаат од различно време, но сите се погледнати од денешна призма и сите претставуваат еден ист лик, но тоа се различни аспекти на тој лик. Ја оставив претставата отворена за толкување, рече Витошевиќ.
Таа потенцира дека ја гледа претставата како студија на карактери, која се стреми психолошки да ги истражи ликовите, зошто така постапуваат, кои се нивните стравови, притисоци, задача што треба да ја извршат...
Актерот Веселинов истакна дека секој треба да дојде и да ја погледне претставата која, како што рече, е интересна и има премногу интимни елементи, и наши и кои се безвременски.
Оваа претстава беше изведена на 15. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава