Македонија
14. August 2016 - 13:34

Претставата „Кампакам“ вечер во Битола

Во НУ Народен театар - Битола, вечер ќе се одржи претставата „Кампакам“ на словенечкиот режисер Владо Репник. Претставата ќе се изведе во рамките на фестивалот за современи уметности АКТО.

Сценарист и режисер е Владо Г. Репник, музиката е на Коала воис, перформери се Тилен Прашникар, Миха Прашникар, Манца Трампуш, Домен Дон Холц. Во претставата се појавуваат: Маја Делак, Бојана Кунст, Антони Пол, Џон Кејџ и други

Владо Г. Репник е магистер на уметност, а негови полиња на создавање се перформансот, новите филмски медиуми, визуелните уметности и живите уметности. Работи со сеќавање на реалното, манифестации, празни предавања и други парадоксални односи.