Претставата „Нашиот клас“ на Скопско лето
Во рамки на Скопско лето 2015 во Македонскиот народен театар вечер ќе биде изведена театарска претстава „Нашиот клас“ од Тадеуш Слобоѓањек, во режија на Ханан Снир.
„Нашиот клас“ се занимава со комплицираните врски помеѓу Полјаците и Евреите за време на Втората светска војна. Претставата е локална и универзална, приказна која всушност се случува во селото Једвабне во Источна Полска. Десет деца, еден клас, фрагменти од нивниот живот, растејќи во ова мало полско село. Љубов и убиство, спомени и заборав, силување и сочувство, се мешаат во изразито драматичниот свет.
Иако претставата е базирана на локалниот погром, таа носи универзална порака за секое општество што не ги прифаќа другите, каде што децата растат во опкружување на нетолеранција, расизам и предрасуди.
Тадеуш Слобоѓанек е директор на театарот Na Woli Theatre и Dramatyszny Theatre во Варшава, а е раководител на Laboratorium Dramatu, лабораторија за пишување драми во Варшава.
Ново на Сител
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД