Претставата „Вампир“ на 10. МТФ „Скупи фестивал“
Претставата „Вампир“ во продукција на Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград вечер ќе биде изведена на 10. издание на „Скупи фестивал“. Претставата ќе се одигра со почеток од 20 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје, сала Фросина.
Автор на текстот е Антон Страшимиров, режисер е Маргарита Мачева, а сценограф Георге Славков. Во „Вампир“ играат Албена Чобанова, Лили Сучева, Лачезар Катсарски, Илија Павлевчев, Зафир Раџаб, Канчо Канев и Билјана Дилкова.
Според режисерката Мачева, светот во „Вампир“ се темели врз строги правила, ставени пред чувствата, желбите и личниот избор.
- Кршењето на овие закони води во бездна. Неспособноста на човекот да се справи со своите желби и страсти води кон самоуништување и смрт. „Вампир“ е претстава за нерационалните желби, за храброста да се биде поинаков, за внатрешниот порив и за борбата за опстанок во свет во кој овие пориви се забранети, смета Мачева.
Претставата не се препорачува за лица под 14-годишна возраст.
Оваа интернационална манифестација ќе се одржува до деветти овој месец во Младинскиот културен центар-Скопје, со поддршка на Министерството за култура и Град Скопје.
Ново на Сител
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата