-->
-->
Претставена втората фаза од проектот за регулација на Кочанска река
-->

Во Кочани денеска беше претставена втората фаза од проектот за регулација на Кочанска река што го реализираат Општината и Источниот плански регион со финансиска поддршка на Бирото за регионален развој.
- Со втората фаза се опфатени 1.470 метри, од т.н. Машински мост до обиколницата на магистралниот пат Штип - Кочани. Идејното решение за урбанизацијата на овој дел од Кочанска река го работи компанијата „Геинг“ од Скопје, истакна Александар Гицов, главен градски архитект на Кочани.
Според Гицов, во првата фаза е урбанизирано коритото на реката во должина од 3.900 метри, од Бавчалукот до т.н. Машински мост, а во третата фаза ќе биде урбанизирано реченото корито од месноста Пандова воденица до Бавчалукот, во должина од 750 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
