Претставници на англискиот тур оператор „Thomas Cook Group“ во Македонија

Претставници на најголемиот и најстар тур оператор во светот „Thomas Cook Group“ од Англија од денеска се во постета на Македонија, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот(АППТ).
Директорот на Агенцијата Кристијан Џамбазовски на средбата со директорот на „Thomas Cook“ во седиштето на комапнијата во Англија, Тим Џотс, на која присуствувале и менаџерите на компанијата за Германија и за Белгија, Феликс Хортолами и Стефан Џоли, му ги презентирал условите кои ги нуди Владата за субвенционирање на туризмот како и инвестирањето во маркетинг кој е исплатлив за Македонија.
- Охрабрени од резултатите и статистичките податоци за раст на бројот на странски туристи оваа сезона, која е во полн ек, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот континуирано работи на отварање нови туристички пазари. Агенцијата ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка на странски тур оператори преку доделување на субвенции за странски туристички промет во државата, се истакнува во соопштението од Агенцијата.
Агенцијата ќе организира бизнис состаноци со туристичкото стопанство од Македонија, тур оператори, хотелијери, асоцијации и комори за туризам, а гостите ќе бидат и во неколкудневна посета на Охрид, пришто ќе им се претстави туристичкиот производ од Македонија и потенцијалот со кој располага земјата како сеуште неоткриена европска туристичка дестинација.
Од АППТ велат дека со проектите на Владата кои се во фаза на реализација како и со новопредвидени проекти се цели кон создавање услови за унапредување на туристичкиот производ и значително збогатување на понудата на туристички содржини. бк/вг/18:19
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-

Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка
-

Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
