Превентивна акција на кавадаречката полиција против пожари
Превентивна акција против пожари во организација на Одделението за превенција при полициската станица од општа надлежност од Кавадарци, се одржа денеска во Кавадарци. Од страна на полицијата беа делени едукативни флаери со информации од противпожарната заштита.
- Во услови на пеколни температури целта на оваа акција е превентивно да се делува за да не се предизвикаат пожари. Вакви флаери добија граѓани и возачи, особено оние кои се движат кон периферните делови на градот, објасни Димитар Каракулев, инспектор за превенција.
Тој нагласи дека и најголемиот евентуален пожар во прва фаза може да се изгасне што се вели само со една чаша вода, доколку навреме се реагира и се известат надлежните институции.
- Токму тоа го очекуваме од оваа акција. Подигнување на противпожарната свест и култура, за да имаме што помалку пожари и навреме да ги локализираме тие што евентуално би се јавиле, додаде Каракулев.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?