Превентивни активности на МВР во рамки на „Европската недела на мобилност“
Вчерашните (22.09.) превентивни активности на МВР што се реализираа на подрачјата на повеќе Сектори за внатрешни работи пред се беа посветени на „Европската недела на мобилност“. Така, на подрачјето на СВР Охрид, во Охрид и во Кичево беа реализирани манифестации кои што имаа рекреативно едукативен карактер за децата од предучилишна возраст но и за децата од основните и средни училишта.
Исто така, и во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност со цел да се упати порака до граѓаните што повеќе да го користат велосипедот како превозно средство, што позитивно влијае на здравјето на луѓето, а воедно придонесува за зачувување на животната средина.
И во Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола во соработка со претставници на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, потоа учениците од сообраќајните единици на основните и средните училишта од Битола, со Студенскиот информативен центар Битола (УКЛО) и преставници од Црвен крст Битола се реализираа превентивни активности преку заедничко возење велосипеди во придружба на полициските службеници низ Градскиот парк во Битола.
На подрачјето пак на Секторот за внатрешни работи Велес, односно во Кавадарци, полициските службеници во соработка со средношколците од СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци, реализираа акција на која што се приклучија и ученици од другите училишта во Кавадарци, кои пеш и со велисипеди продефилираа низ дел од улиците во градот, се до излетничко место „Моклиште“, а се во насока на демонстрирање на потребата од поголема мобилност и физичка активност.
Вчера и во рамки на Секторот за внатрешни работи Штип беа реализирани превентивни активности. Притоа, во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе реализираа едукативно предавање во гимназијата „Кочо Рацин“ во Свети Николе посветено на превенцијата од зависноста од алкохол и дрога, додека пак полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, во соодејство со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип, на неколку локации околу Градскиот пазар во Штип спроведоа превентивна активност за превенција од кражби. Исто така, и полициски службеници од ОВР Кочани во основното училиште „Синиша Стоилов“ во село Зрновци, кочанско, одржаа едукативна работилница на тема – „Безбедно пристигнување на училиште“ за првачињата и второоделениците, а нивните постари соученици со возење велосипеди во училишниот двор ја одбележаа европската недела на мобилност.
Ново на Сител
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
-

Долгови, неисправни камиони и спорни исплати: Што откри државната ревизија во „Комунална хигиена“
