Превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар на „Ќафасан“
Под мотото „Превенција за заштита од топлотен удар“, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ спроведуваат превентивно-едукативна кампања на македонско-албанската граница.
СВР Охрид денеска соопшти дека посебен тим полициски службеници на пешаците, патниците во возилата и автобусите, кои се наоѓаат на граничниот премин и чекаат за премин на државната граница, им делат вода за освежување и низ кратки разговори ги потсетуваат на препораките за заштита од топлотен удар и како да се однесуваат при високи температури.
- Ги потсетуваат на потребата да бидат добро хидрирани, да носат светла облека, да не користат алкохол пред и за време на управување со моторните возила, да избегнуваат патувања во најтоплите периоди од денот, да практикуваат почести застанувања под сенка за време на патувањето, да не оставаат деца или миленици во автомобилот и сет други корисни информации, стои во соопштението на СВР Охрид.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел