Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата
– Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс.
Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока.
„Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена“, рече Грбиќ.
Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки.
Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата.
„Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени“, додаде Грбиќ.
Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
