Македонија
17. February 2021 - 17:34

Превртена цистерна кај Новоселски мост - сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента

АМСМ известува дека сообраќајот на патниот правец Гостивар - крак Маврово се одвива наизменично по една коловозна лента, причина за ова е превртена цистерна.

- На патниот правец Гостивар – крак Маврово, кај Новоселски мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради превртено тешко моторно возило (цистерна). На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализациј, велат од АМСМ.