Преземени конкретни мерки околу пласманот на праските

Преземени се конкретни мерки околу пласманот на годинашниов род праски во Росоманско, како регион во кој се произведуваат најголеми количини од ова овошје во Македонија, информираше градоначалникот на Росоман Бранко Јанев, кој соопшти дека деновиве имале средба со поголемите откупувачи во врска со годинашнава берба и пласман на праските.
- На средбата беше присутна и Ленче Николовска, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Факт е дека години наназад се соочувавме со проблемот на пласман и исплата на родот. Беше разговарано за изнаоѓање решенија, финансиска поддршка преку кредити или некој друг начин за откупувачите да бидат посигурни кога ќе влезат во откупот, а истовремено, сигурноста да е поголема и за производителите, околу исплатата, појасни градоначалникот.
Јанев изрази надеж дека годинашнава берба на праски ќе помине без проблеми при пласманот и откупот на родот.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
