Македонија
28. March 2025 - 12:27

Презентирани активностите од Реформската агенда

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, денеска презентира мерки од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда за Македонија.

На презентацијата во Медија центарот на Владата беа претставени конкретните активности од Реформската агенда, како и Планот за комуникација и видливост на реформите.

Целта, како што наведуваат од Министерството за европски прашања, е да се приближи евроинтегративниот процес до граѓаните и да се поттикне нивното активно учество во процесот на реформи.