Презентирани Националната стратегија за ментално здравје на младите и ново советувалиште за млади

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на саемот на услуги „Начини до добро ментално здравје“ во организација на Националниот младински совет на Македонија и Министерството за труд и социјална политика. На настанот беше презентирана Националната стратегија за ментално здравје на младите и новото советувалиште за млади кое треба да го имплементира Министерството како прв чекор од акцискиот план кој произлезе од стратегијата.
Како што информира МТСП, планирани услуги кои треба да се даваат во советувалиштето се: советодавни услуги, психосоцијална помош и поддршка, окупациона терапија и градење на вештини и менторирање. Советувалиштето ќе биде во рамки на Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“.

Министерката Тренчевска во своето излагање ја истакна нејзината доверба кон младите во нивниот прогресивен дух и начин на размислување. Таа истакна дека Владата досега работеше заедно со младите, беше дел од нивните иницијативи и се со една цел подобри можности во нашата држава и поголеми перспективи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
