Презентирани резултатите од проектот „Учество во национални младински организации“
Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, денеска ги презентираше резултатите од спроведниот едногодишен проект „Саќе на учество во национални младински организации“, со кој се истражуваше состојбата на учеството на младите во носењето одлуки во организациите.
Во рамки на проектот, кој се спроведува со грант на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на програмата Еразмус Плус на ЕУ, биле истражувани 200 младински организации од Македонија, Турција, Полска и Белгија.
Истражувањата покажале незначителни разлики во однос на функционирањето на младинските организации и нивните демократски капацитети, со исклучок на организациите од Белгија, кои се меѓународни. Според истражувањето, најголем дел од организациите, немаат ниту еден вработен, помал процент имаат по двајца вработени, а само една третина од активните младински организации имаат повеќе од 50 членови и повеќе од две вработени лица.
- Според ова, потребно е да се промовираат, развијат и спроведат програми кои младите би можеле да ги спроведуваат во слободно време, најчесто волонтирајќи во мали групи. Програмите кои бараат големо ниво на професионализам често се недостапни за младинските организации,токму поради недостигот на професионални вработени лица кои тие програми би ги менаџирале, речеСтефан Маневски од ЦИД и додаде оти ова е прво истражување кое се фокусира на внатрешниот капцитет на организациите.
Истражувањето, посочи тој, покажува дека на младинските организации потребна им е едукација, за да можат да развијат механизми со кои ќе ги задржат членовите.
Во рамки на проектот изработен е „Водич за обука за младински организации“ кој опфаќа практични примери за учество на млади во организциите и преведен е на шест јазици,македонски,албански турски, француски, англиски и полски.
- Водичот треба да помогне на младинските организации да развијат сет на алатки и мерки и веќе е тестиран на две обуки и три настани кои се одржаа во Македонија,Полска и Турција, изјави Маневски од ЦИД.
Ново на Сител
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени
-
12 полицајци од Арачиново и Гази Баба со измислени прекувремени земале бонус плати
-
30 годишник ја претепал невенчаната сопруга и нивните деца, па ја заклучил во соба
-
Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“: Тоа е судска одлука, не би имал што да додадам