-->
-->
Президент куп: Македонија го совлада Мароко и ќе разигрува за 27. место
-->
Македонската ракометна репрезентација славеше со 40-25 против Мароко на Президент купот и во среда од 18ч ќе разигрува за 27-то место со селекцијата на Јужна Кореја.
Нашата селекција одлично го започна мечот со водство од 7-2 но дозволи Мароканците да се вратат на негатива од 2 гола.
Сепак до крајот на првиот дел избраниците на Лазаров го диктираа темпото и обезбедија водство од 18-12.
Во вториот дел предводени од расположениот5 Кузмановски кој постигна 9 погодоци ја зголемивме предноста на плус 15 што ни донесе убедлива победа од 40-25.
Седум погодоци за нашиот тим постигна Атанасијевиќ додека добар ден имаше и голманот Томовски со 12 одбрани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд