При акциска контрола во Охрид пронајдена марихуана, приведени странски државјанки | ВИДЕО

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Управата за јавни приходи (УЈП), Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат согласно претходно изготвен оперативен план вчера во 1:00 часот извршија акциска контрола во угостителски објект во Охрид при што пронајдоа марихуана и приведоа странски државјанки.
- При контролата кај едно лице е пронајдена марихуана, а затекнати се и 17 странски државјанки од кои четири престојувале спротивно на законите во државата - две од Русија со пречекорен престој, една од Србија со пречекорен престој и една државјанка на Србија со активна забрана за влез во државата. Лицата се приведени и надлежен судија во Основен суд Охрид изрекол парични казни и мерка протерување, соопшти МВР.
Од страна на УЈП, се вели во соопштението, е констатирано неиздавање на фискални сметки и утврден е вишок од 80.000 денари, пари кои не биле евидентирани, за што ќе следуваат соодветни санкции.
-Од страна на Државниот инспекторат за труд затекнато е лице кое извршувало работни активности, а не било пријавено, за што ќе следува соодветна пријава. Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирано е кршење на забраната за пушење во угостителскиот објект, за што се изречени соодветни санкции, се нагласува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
