-->
-->
При претрес во Слупчане пронајдени оружје, муниција и пиротехнички ракети | ФОТО
-->

Денеска (07.09.2023) во 14.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Куманово- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба од Основен суд Куманово, извршија претрес во дом и други простории кај З.И. (49) во с. Слупчане, општина Липково.

При претресот пронајдени се шест пиштоли различни марки, седум рамки за куршуми, пневматска пушка „екол“ со оптика за пушката, околу 2500 куршуми различни калибри од 9мм, 7.62мм и 6.35 мм, 64 пиротехнички ракети... З.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово, соопшти МВР.


-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
