Македонија
13. September 2024 - 12:32

При претрес во Струмица пронајдени дијаманти

Полицијата пронашла дијаманти при претресот кај познат струмички бизнисмен во рамки на акцијата која МВР, УЈП и уште неколку институции ја почнаа вчера во Струмица, Скопје и уште неколку градови. Според се уште неофицијалните информации, се истражува наводно перење пари и разни видови на даночни затајувања и малверзации. Неофицијални неколку лица во моментов се во бегство но полициски извори брифираат дека го имаат главниот осомничен. При претрес во Скопје, кај неговиот магационер наводно била принајдена и поголема сума на пари во кеш.

Вчера МВР потврди дека спроведува акција, а Обвинителството прецизираше дека станува збор за предистражна постапка која е тајна во оваа фаза. Неофицијалните информации велат дека истрагата се сомнева дека струмичкиот бизнисмен и цел еден сет на фирми кои гравитираат околу него го оштетиле буџетот за повеќе милиони евра.