Ракомет
5. November 2016 - 8:10

Прибак: Во одбраната да им помогнеме на голманите

Денешниот натпревар со Чешка ќе биде исклучително тежок од причина што во составот на Македонија за разлика од претходните години ќе недостасуваат Миркуловски и Мојсоски.

Немања Прибак заедно со капитенот Кирил Лазаров и со помладите Талески, Кузмановски, Нелоски ја сочинува надворешната линија. За ривалите во групата и за денешниот дуел истакна:
-      Исланд не истата екипа од претходно и Чешка е подобра од лани. Мора да одиграме помудро и да не правиме технички грешки. Многу е тешко да се игра тука, еднаш бркавме негатвива и стигнаме, а лани и загубивме.Процесот на подмалдување не е лесен треба ние посискусните да им дадеме поддршка. Истотака и одбраната мора да ја одиграме подобро отколку во средата со Украина. Да ги запреме бековите да немаат лесни удари во делот од шест до девет метри  и да им помогнеме на голмнаните.
 
Фото: Игор Паневски