Прием на Индија и Пакистан во Шангајската организација за соработка
На самитот на шефови на државите-членки на Шангајската организација за соработка (ССОС) во Ташкент, на кој присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин, потврден е приемот на Индија и Пакистан како полноправни членки во оваа организација, која отсега ќе брои осум членови.
Организацијата сега ќе ја сочинува околу половина од светската популација, три најголеми и најмоќни земји на Евроазија и четири нуклеарни држави.
Во Ташкент се очекува да биде разгледано и барањето за прием на Иран, а во работата на организацијата сакаат да се вклучат и Сирија, Египет и Израел. Овие земји поднеле барање за добивање статус на набљудувачи.
Рускиот претседател повтори во Ташкент дека по решавањето на нуклеарниот проблем и укинување на санкциите кон Иран, не постојат никакви пречки за вклучување на Техеран во составот на ССОС.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови