Македонија
8. March 2016 - 12:12

Прифатниот центар во Гевгелија речиси празен

Состојбата на границата во Гевгелија од македонска страна претпладнево е мирна, додека од грчка страна за влез чекаат околу 13.000 мигранти и бегалци.

Од 6 часот вчера наутро, јави известувачот на МИА, во транзитниот прифатен центар (ТПЦ) „Винојуг“ во Гевгелија нема влез на нови мигранти и бегалци. Моментално внатре во ТПЦ се наоѓаат десетина лица и надвор околу 70-80 мигранти без целосни документи.

Во текот на ноќта се забележани неколку изолирани случаи на обид за илегален премин од грчка на македонска страна на границата, додека на грчка страна дошло и до неколку помали инциденти и судири меѓу мигрантите.

Засега останува праксата да биде дозволен влез од грчка на македонска страна само на онолку мигранти и бегалци колку што ќе може да влезат во Србија.