-->
-->
Приходите на Фајзер во третиот квартал се зголемија за 134 проценти
-->
– Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска соопшти дека нејзините приходи пораснале за 134 отсто на годишно ниво на 24,1 милијарди долари во третиот квартал од фискалната 2021 година.
Приходите од вакцините на компанијата беа 14,6 милијарди американски долари во третиот квартал, што е за 749 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, кога вакцината против Ковид-19, развиена заедно со германската компанија Бионтек, се уште не беше достапна.
Заработката по акција на Фајзер беше 1,42 долари, што е за 446 отсто повеќе од третиот квартал во 2020 година, додека нето приходот на компанијата се зголеми за 455 проценти на годишно ниво на 8,1 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија