Приходите во државната каса во февруари повисоки за 5,8 отсто
Во февруари годинава во државната каса има повисоки приходи како резултат на повисоките даночни приходи и повисока наплата на придонеси. Согласно фискалната табела која денеска ја објави Министерството за финансии, во февруари наплатени се буџетски приходи во износ од 14,1 милијарди денари, што претставува раст од 5,6 отсто во однос на февруaри 2017 година. Според објавените податоци, во првите два месеца од годинава наплатени се вкупно 27,4 милијарди денари или за 5,8 отсто повеќе во однос на тој период лани.
Кај даночните приходи во февруари се бележи раст од 6,2 проценти во однос на февруари 2017 година. Наплатата на персонален данок на доход во февруари е повисока за 8,4 отсто, а на ДДВ за 6,2 проценти. Кај наплатата на придонесите забележан е раст од од 6,1 проценти.
Кумулативно, во првите два месеци од годинава даночните приходи се повисоки за 6,9 отсто во однос на тој период во 2017 година. Тоа се должи на повисоките приходи од персонален данок на доход за 4,6 отсто, повисоките бруто-приливи од ДДВ за 10 отсто, а раст од 5,6 отсто се забележува и кај наплатата на придонесите.
Капиталните расходи во првите два месеца се реализирани на ниво од 4,3 отсто од Буџетот за 2018 година. Од Министерството за финансии велат дека ваквата реализација е вообичаена за овој период на годината, и се должи на тоа што повеќето од проектите се во почетна фаза и се очекува во текот на годината реализацијата значително да се подобри.
Буџетскиот дефицит за првите два месеци е 0,5 отсто од БДП.
Ново на Сител
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство