Пријатно изненадување за патниците во ЈСП - Еве што се случуваше
Уличните музичари на Град Скопје вчера напладне го напуштија градскиот плоштад и настапија во автобусите на ЈСП СКОПЈЕ каде што направија едно пријатно изненадување за патниците настапувајќи со нивниот репертоар кој вклучуваше и македонска музика.
Патниците без двоумење веднаш им се придружија на музичарите и секојдневната монотонија во автобусите се претвори во навистина весела и распеана атмосфера.
Во автобусите на ЈСП настапија два бенда од кои едниот е „Метаверсус“, кој настапува со македонска и странска рок и поп музика, а другиот е „Сирин“ со својот ориентален стил и етно звуци.
Овој проект е дел на програмата за култура на Град Скопје, а е во организација на ЈУ Конгресен центар Александар Македонски.
Уличните музичари веќе неколку години настапуваат во централното градско подрачје и ги забавуваат минувачите.
Ново на Сител
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити