Македонија
8. July 2019 - 21:32

Прилеп ќе субвенционира дел од сметките за вода на над 1.000 социјални семејства

Прилеп ќе судвенционира дел од сметките за вода за над 1.000 семејства од ранливите категории граѓани. Ова денеска го одлучија прилепските советници на 29-ата седницва на оптинскиот Совет, усвојувајќи ја Програмата за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливите категории на граѓани за 2019 година.

Според престседателот на советот Миле Талески, со мерката наместо 300 се опфатени над 1.000 семејства.

-Донесовме одлука со која општина Прилеп ќе субвенционира пет метри кубни потрошена вода од сметките за вода, мерка со која наместо досегашните 300, ќе бидат опфатени над 1.000 семејства приматели на постојана парична помош, објасни Талески.

Прилепските советници со поддршка на занаетчиката комора. Ќе им плати дел од обврските.

-Со оглед на тоа што Занаетчиската комора од 2001 година па наваму, се соочува со финансиски проблеми, советот донесе одлука за прифаќање на нивниот проект за регулирање на дел од обврските кои Комората ги има кон Фондот за ПИОМ, рече Талески.

Прилепските советници ја усвоија програмата за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежното земјиште за оваа година, донесоа одлука за доделување на средства на здруженијата на граѓани и на спортските клубови, а формираа и Локален совет за превенција

-Донесовме Одлука за уредување на градежното земјиште на подрачјето од населеното место Волково до населеното место Прилепец, а на денешната седница ја изгласавме и одлуката за распределба на средства на здруженијата на граѓани и спортските клубови, по распишаниот јавен повик. Советот на општина Прилеп го формираше и Локалниот совет за превенција, со кој ќе претседава градоначалникот на општината, Илија Јованоски, објасни претседателот на приелпскиот совет Миле Талески.

На денешната седница, советниците ја усвоија одлуката за измена и за дополнување на одлуката за утврдување критериуми и стандарди за поставување урбана опрема на подрачјето на Прилеп,

 дадоа согласност, за расходот на основни средства на  домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, а се согласија и со годишните планови за вработување во јавнитепретпријатија Комуналец“ и „Пазари“.