-->
-->
Прилепчанец им ја удрил колата, ги нападнал, па со секира ја оштетил колата
-->

Вчера во Прилеп од полициски службеници од Полициска станица Прилеп бил лишен од слобода Е.М.(23) од Прилеп постапувајќи по претходна пријава на Е.А.(19) од Прилеп, кој пријавил дека околу 21,00 часот пред продавница во Прилеп, додека бил во паркирано патничкото моторно возило „голф 3“ без регистарски ознаки во негова сопственост заедно со С.О. и Е.Т., нивното возило било удрено од возило „опел астра“ управувано од Е.М., кој потоа и физички ги нападнал, а со секира го оштетил возилото „голф“. Потоа пријавениот со возилото „опел астра“ удрил во две лица, роднини на оштетениот (тетка и братучетка). По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
