-->
-->
Прилепчанец ја грабнал па ја силувал жената на братот
-->
Вчера околу 00.30 часот С.С. (30) од прилепско село, откако одзел патничко моторно возило „Голф 4“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост негов соселанец, отишол во плевната каде што неговиот брат Ш.С. (50) и неговата невенчана сопруга Л. К. (52) чувале стока.
Кога Ш.С. излегол, С.С. го искористил моментот ја удрил Л.К. и насилно ја внел во возилото по што заминале по стариот пат од Прилеп кон Велес. Во текот на патувањето истиот постојано ја удирал Л.К.. Во еден момент возилото се расипало и застанале.
С.С. излегол од возилото и повторно неколку пати ја удрил Л.К. во пределот на главата и истата ја силувал на предното седиште од возилото. Потоа заедно отишле во објектот на една фирма каде од чуварот побарал мобилен телефон за да се јави на неговиот брат. Откако разговарал со Ш.С., С.С. заминал во непознат правец, а Л.К. останала во објектот. Истата му кажала за настанот на својот сопруг, по што тој телефонски пријавил во ПС-
Прилеп.
Увид бил извршен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на С.С. и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми