Македонија
19. јуни 2016 - 12:32

Прилепчанец работел со трактор на Задушница, за малку ќе платеше со живот

Вчера околу 10,00 часот во Прилеп, на м.в.„Голема Ливада“ атар на с.Врбјани, Д.С.(72) од с.Бучин, работејќи со трактор во нива, истиот се превртел по што се здобил со повреди.
 
Д.С. бил пренесен во МЦ-Прилеп каде му била укажана лекарска помош и констатирани му се биле тешки телесни повреди, но поради сериозноста на повредите истиот бил префрлен во КЦ- 
Скопје.
 
Извршен е увид од страна на увидна екипа од ПС Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.