Прилепчанец се заканувал по живот преку Фејсбук, ќе одговара кривично

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Прилеп презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на М.С. (40) од Прилеп, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“од Кривичниот законик на Република Македонија.
Тој денеска е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази.
По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.
Ново на Сител
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
