Прилепчанец во притвор откако во камион што го управувал биле откриени 324 килограми кокаин

Судот во Драч му одреди мерка притвор на македонскиот државјанин Назиф Ајровски (40), возач на камионот во кој албанската полиција откри 324 килограми кокаин.
– Откако најпрво рочиштето беше одложено поради недостиг на официјален преведувач, судијата Реџеп Бектеши попладнево го потврди апсењето во делот на кривичното дело „недозволена трговија со наркотични средства“ и му одреди мерка на безбедност „затворски притвор“, пренесува Топ чанел.
Во досието на Обвинителството, тој се посочува дека е човекот кој ја превезувал дрогата, но оти соработувал со други лица за да истата стигне до Италија.
– Дрогата – кокаин во вкупна количина од 324 килограми и 400 грама, пакувана во 300 пакетчиња, е откриена на 18 овој месец во 22:30 часот во камион со македонски регистарски ознаки SK3720AT, бела боја, натоварен со метални плочи управуван од Назиф Ајровски од село Дебреште, Прилеп, Македонија. На албанска територија преку преминот
Ќафасан влегол претпладнето на 16 овој месец а задржувањето по патот го објасни дека бил приморан бидејќи се загревал моторот. Тој тврди дека немал никакви сознанија за дрогата, стои во досието на кое се повикува агенцјата Балкан веб.
Дрогата е открена со скенер на втората линија на контрола пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Анкона а требало да се растовари во Џенова.
Кокаинот бил во пакетчиња со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор.
Продолжува соработката со македонската полиција со цел целосно расветлување на случајот, во кој основано се сомнева дека се вклучени повеќе лица.
Ново на Сител
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
-

Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
-

Во Мајами пристигна украинска делегација за разговори со САД
-

Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води
-

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров
